ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, Кирјос немаше сили за изненадување

Новак Ѓоковиќ со стил ја одбрани титулата, го победи Ник Кирјос со 3-1, стигна до седмата на неофицијалното светско првенство во тенис, и вкупно 21. Грен Слем титула, сега има една помалку од Рафаел Надал.

Србинот покажа екстра класа, доминираше на мечот, по сетови тешко му беше во првиот а потоа следуваше одговор, 4-6, 6-3, 6-4 и 7-6/3.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1546167248020291587


Мечот траеше нешто над три часа, Ѓоковиќ по мечот изјави:

„Честитки за Ник, го заслужи финалето, честитам дека заслужи да бидеш еден од најдобрите на светот на ваква подлога, сигурен сум дека ќе те гледаме пак во некое финале. Искрено не очекував да те пофалам, никогаш не мислев дека ќе те пофалам, со оглед на односот кој го имавме“, се пошегува Ѓоковиќ и продолжи

„Овој трофеј и турнир многу ми значи на мене и моето семејство, ме мотивираше да почнам да играм тенис, имав 4,5 години, кога го гледав Пит Сампрас како игра на Вимблдон, сонував да играм овде и да победам, секое мое доаѓање овде е сè посебно, и попосебна приказна, среќен сум за оваа победа“ – рече Ѓоковиќ.