ВИДЕО: Реал Мадрид со 6-5 и блицкриг го победи Сити и закажа финале со Ливерпул

Реал Мадрид  со вкупни 6-5 го елиминира Манчестер Сити и стигна до финале во Лигата на шампионите каде на  28 мај со почеток од 21:00 часот ќе се сретне со Ливерпул.

Во регуларните и 90 минути беше 2-1 за Реал Мадрид, а „кралевите“  се вратија од „мртвите“ и со „блицкриг“, два гола на Родриго во 90 и 91 минута стигна до победа против Сити 2-1 кој водеше се до финишот на „Бернабеу“ и беше пред пласман во финалето.

Сити поведе со голот на Марез во 73 минута, и водеше се до 90-та, потоа следуваше „блицкриг“ на „кралевите“ и со двата гола на Родриго дојдоа до 2-1 и 5-5 и стигна до продолженија.

А во продолженијата, со голот на Бензема, Реал Мадрид стигна до конечен триумф 3-1 и вкупни 6-5 за пласман во финалето во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/dribling2021/status/1521961645764919297