ВИДЕО: Солзи, емоции... Цонга го одигра последниот тениски меч во кариерата

Жо Вилфрид Цонга на 37 годишна возраст денес го одигра последниот меч во кариерата, на домашен терен, Французинот објави крај на „Ролан Гарос“.

Цонга се мачеше со повреди во изминатите неколку години, победи само во три меча на АТП турнирите последните три години.

Французинот никогаш не освои Грен Слем, иако во 2008 година играше финале на Австралија Опен со Новак Ѓоковиќ и загуби, најдобриот пласман го имаше кога беше 5-ти на АТП ранг-листата.

Денес загуби од Норвежанецот Каспер Руд, мечот се играше 3 часа и 39 минути, и заврши со пораз на Цонга со 1-3.

ВИДЕО:

https://twitter.com/rolandgarros/status/1529124019022270465