(ВИДЕО) Страшна катастрофа: Се‘ се распарчи
Се преврте
Мустангот, беше погоден од друг автомобил додека беше во воздухот, а потоа се
запали.
Тежок инцидент го фрли во сенка годинешното издание на НАСКАР Дејтона 500. Несреќата се случи во последниот круг од трката. Пилотот Рајан Њуман се здоби со серизни повреди.
42-годишниот возач и неговиот Мустанг, број 6, го зазедоа првото место метри пред финалето.
Борејќи се за победата, Дани Хемлин и Рајан Блејн се судрија зад Њуман.
Мустангот се преврте во воздухот, беше погоден од друг автомобил додека тој сè уште беше во воздухот, а потоа се запали.
Лекарите и пожарникарите реагираа брзо и го отстранија Њуман од автомобилот.
Според потпретседателот на НАСКАР, Стив О'Донел, состојбата на Рајан Њуман е сериозна, но не се смета за опасна по живот.
Thoughts to @RyanJNewman. My view from the checkers. #Daytona500 #RyanNewman pic.twitter.com/mDlU3Cc31d
— Justin Cummings (@_justincummings) February 18, 2020