(ВИДЕО) Таа прави сендвичи, а тој лета во вселената: Зошто оваа реклама е забранета?

Познатиот автомобилски бренд „Volkswagen“ моментално се прилагодува на пазарот за електрични автомобили, но не и на новите британски прописи за рекламирање.

„Кога ќе се научиме да се прилагодуваме, тогаш може да постигнеме се`“ е мотото на најновата „Volkswagen“ реклама во која се промовира екетричниот „eGolf“ автомобил. Видеото во прв план ја става актуелната електрификација на автомобилот и спремноста на германискиот производител да ги следи промените во авто-индустријата, но сугерира дека и потрошувачите треба да се адптираат на новите погонски решенија во своите возила.

Меѓутоа, изгледа дека „Volkswagen“ не е доволно прилагодлив на новите прописи во областа на маркетингот во Велика Британија, со оглед на тоа што рекламата е забранета, бидејќи, како што се тврди, искористени се родови стереотипи.

Всушност, законот кој стапи во сила ова лето го заштитува користењето на родните предрасуди и нееднаквости во рекламите, како оние „жените не знаат да возат, а мажите не се добри во пресоблекување на децата“.

Во новата реклама на „Volkswagen“, помеѓу другото, во приказната има жена која прави сендвичи, како и жена која става детергент во машината за перење, додека астронаутите во сцената од вселената се исклучиво мажи. Атлетичарот кој тренира скок во далечина е исто така маж, а бебето во количката повторно го чува жена. Дали рекламата е оправдано забранета или не, проценте сами по видеото: