Спорт // Спорт
(ВИДЕО) Успеа да пренесе товарен брод од 614 тони со заби
Мажот „карпа“ од Украина, Олег Скавич, успеа да премести товарен брод со тежина од 614 тони и тоа - со забите. Тоа е последниот „залак“ од на човекот познат по својата неверојатна способност.
Скавич потекнува од украинскиот град Лавов и успеа да помести големиот брод за дури 16 метри.
Официјални лица од Украина рекоа дека станува збор за
национален рекорд.
Ако Гинисовата книга на рекорди го прифати неговиот подвиг, тој ќе го сруши рекордот во 2001 година на Омар Ханапиев, кој товарен брод од 567 тони го движеше со забите 15 метри.
Во 2012 година, Олег постави светски рекорд за поместување на трамвај од 19,5 тони, влечен 6,8 метри, во Лавов.(ВИДЕО) Успеа да пренесе товарниот брод од 614 тони со заби