(ВИДЕО): Заборавете на возилата, ова е иднината на превозот

Лилиум го довршил прототипот на првото иновативно летало, кое успешно го направило првиот лет.

Лилиум е германски стартап основан во 2015 година со цел создавање на иновативни летала со вертикални полетувања и слетувања, а кои благодарение на електричниот погон и напредни состави на управување ќе му овозможи на секој да ја користи.

Прототипот е готов и речиси успешно тестиран на бавраско небо, а во Лилиум сега планираат на искуството на развој на двосед да смислат и развијат поголемо летало со капацитет од пет лица.

Целта е јасна, а тоа е да се понуди услуга на летачко такси превоз во рекорден рок.

Лилиум леталото е на струја а тоа и обезбедува дури 36 електрични млазни мотори. Максималната патна брзина е 300 км на час, а досегот е преку 300 км.

Изумителите велат дека нивното летало во поглед на потрошувачката може да се мери со класичните електрични автомобили, но со неколку пати пократко време на патот до целта.