Викторија Бекам: Никогаш не сум била најдобра, ниту најпаметна, но успеав! А како мајка се реализирав целосно
Кога пред десет години, Викторија Бекам, позната и призната дизајнерка започна со голема трансформација на нејзиниот имиџ и кариера и започна да создава моден бренд, малкумина ја сфатија сериозно.
Тогаш, Пош Спајс, како што се нарекуваше во времето на најголемата слава на Спајс грлс, не беше олицетворение на елеганцијата, според модните експерти.
Иако во текот на првите години од нејзината пејачка кариера секогаш носеше црна и незабележителна облека за да го оправда тој прекар, по распадот на групата драстично го смени изгледот и стилот.
Нејзините зголемени гради, вишок екстензии и лажен тен станаа предмет на потсмев за многу британски медиуми. Викторија тогаш беше исклучиво „сопруга на Дејвид Бекам“, но оваа титула во никој случај не и беше доволна.
Сакаше нешто повеќе и подобро за себе, без оглед на тоа што практично никој не веруваше во неа.
„Во тоа време морав да се најдам себеси и својата самодоверба“, призна неодамна таа.
Есента 2008 година, по успешното лансирање на нејзиниот моден бренд, таа ја претстави својата прва колекција фустани на Њујоршката модна недела.
На општо изненадување на многумина, нејзините креации наидоа на одобрување од критичарите кои ја пофалија носливоста на презентираните модели, парчиња што им ласкаат на женското тело и неутрална палета на бои.
Следеше промена на сликата. Таа ги отстрани имплантите, а оскудната облека ја замени со елегантни парчиња облека.
"Сè на мене е природно, освен ноктите, малку помош со фризурата и малку лажен тен од Сент Тропе. Нема повеќе лажни, силиконски гради. Ги нема", се пошегува таа во интервју за Вог.
Со секоја нова колекција, таа доби нови обожаватели, и за помалку од десет години стана почитувана дизајнерка. Како дел од својот бренд, ВБ разви пет различни модни линии, и сега се подготвува да ја освои и индустријата за убавина. По успешната соработка со Есте Лаудер, таа ќе лансира сопствена колекција на козметика за лице и нов парфем.
Нејзиниот успех беше награден со важно признание во 2017 година - Бакингемската палата и додели Кралски орден за придонес во модата и хуманитарната работа. Тоа беше одличен момент за жена која порано беше само девојка што се одрекуваше од себе и имаше големи соништа и која не се вклопуваше во нејзино друштво.
"Бев амбициозна, ги почитував професорите и правилата. После училиште отидов на часови за танцување, пеење и глума. Во исто време, другите се криеја наоколу за да можат да пушат. Тие се преправаа дека се кул, а јас не бев како нив. Средното училиште беше вистински пекол. Децата се шегува со мене. Јас само стоев сама, немав пријатели. Тие ме туркаа, велејќи дека ќе ме тепаат Ме малтретираа психички и физички. На крајот станав силна. Јас секогаш бев борец “, рече таа во едно интервју.
Викторија е вистински доказ дека талентот е само мал дел од успехот. Поголем и многу поважен е напорот што го вложуваме за да ги постигнеме нашите цели.
"Никогаш не бев природен талент за ништо. На крајот, успеав затоа што верував дека може да постигнеш многу ако работиш напорно. Никогаш ништо не ми дојде само по себе. Никогаш не бев најпаметеан, најдобара во нешто. Тоа е зошто секогаш им кажуваме на нашите деца дека треба да бидат вредни, да веруваат во себе и тогаш ќе можат да станат она што сакаат да бидат. Работете, бидете фокусирани, благодарни и навистина заглавувајте на работа. Ми рекоа дека не сум способена за многу, но ако можам да успеам, можеш и ти. “, заклучи дизајнерката.
Извор: Elle.rs