Вирусите најмногу ја напаѓаат оваа група на мажи: Полесно се разболуваат и шират зараза, а еве и зошто
Неочекуваното откритие ќе ги зачуди припадниците на посилниот пол.
„Жените сакаат мустаќи“, „бакнеж без мустаќи, како село без училиште“, вели народот. Можеби бакнежите на човек со мустаќи се послатки, прашањето е дали се поздрави...
Некои истражувања сугерираат дека мажите со мустаќи и брада се изложени на поголем ризик од вирусни инфекции. Дали е тоа навистина точно? Дали „влакната на лицето“ се соодветно поле за размножување за бактерии и вируси?
- Секоја „вегетација“ на главата или лицето е филтер кој апсорбира вируси и микроби. Влагата и топлината што ги загрева мустаќите и брадата при вдишување создаваат идеални услови за нивно размножување. Затоа, мажите кои се грижат за своите мустаќи и брада не само што имаат поголем ризик да се разболат, туку и да заразат други, бидејќи вирусите и инфекциите што живеат во нивната „коса/влакна“ може да се пренесат со бакнување, гушкање и близок контакт - објасни специјалист по оториноларингологија Наталија Калинина.
Лекарот исто така вели дека ако мажите не се подготвени да се откажат од оваа „декорација“, тогаш е потребно во сезоната на грип и респираторни инфекции, која трае од есен до доцна пролет, да водат поголема грижа за хигиената. Ова значи да ги мијат брадите и мустаќите секој ден, по можност со појак шампон, и би било идеално по секој престој на јавно место.
извор:informer.rs