ВИСТИНСКИ МАСАКР НА СУПЕРавтомобили

Ова го означија како лудило на богаташи и нивните хирови...

Годишниот собир на суперавтомобили наречен Supercar Show, одржан оваа недела во Филаделфија, имал најмалку три жртви пред да започне. Иако полицијата се обидела да обезбеди безбеден настап на десетици скапи автомобили, еден возач на Ферари реши да се поигра.


Возачот на црното Ферари 488 ГТБ се залетал и кога налетал на колона пред него, нагло се свртел во средната лента и удрил во друго Ферари 488, а потоа дошло до судир со друго Ферари, црниот модел 458 Италија. Сè било снимено од Мекларен 600ЛТ, кој го следел Ферари во потера, но успеал да сопре на време.

Според достапните информации, сите три Ферари биле сериозно оштетени и најверојатно ќе завршат за делови.