Витаминска бомба од 5 состојки: Ја подобрува крвната слика, а го зајакнува имунитетот
фото:SHUTTERSTOCK
Доколку сакате да го зајакнете имунитетот, но и да ја подобрите крвната слика, овој пијалак е одлично решение. Лесно е да се направи, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја врати енергијата.
Потребни ви се следниве состојки за подготовка:
Варено цвекло
Зелено јаболко
Моркови
Лимон
Ѓумбир
Подготовка: Ставете ги состојките во мешалка или соковник и добро промешајте и пијалокот е подготвен.
Овој сок содржи антиоксиданси кои имаат антиинфламаторно дејство, а станува збор за вистинска витаминска бомба која има корисен ефект врз имунитетот. Се бори против симптомите на настинка и грип.
Благодарение на цвеклото, овој пијалок е богат со железо, затоа се препорачува за луѓе кои имаат анемија или ревматоиден артритис.
Една чаша од овој сок ќе содржи калиум, витамин А, витамин Ц, потоа Б6 и Б9, како и други здрави состојки кои го зајакнуваат имунитетот.
извор:GLOSSY