Живот // Живот
Властите во Виена биле предупредени дека осомничениот сакал да купи муниција
Словачката полиција соопшти дека осомничениот за неодамнешниот напад во Виена се обидел да купи муниција летово, за што биле информирани властите во Виена.
Четири лица загинаа, а 23 беа повредени во вооружен напад во центарот на Виена во понеделникот вечерта.
Според германските медиуми, дваесетгодишник од Македонија со австриски пасош, кој беше убиен од полицијата во понеделникот, отпатувал за Словачка во јули, каде се обидел да набави муниција за калашников.
Тој не успеа во тоа, бидејќи немал дозвола да држи оружје.
Словачката полиција ја потврди оваа информација, додавајќи дека за тоа ги информирале своите австриски колеги.