Влатко Неделковски: Потребни се млади луѓе кои се креатори, визионери, интелектуалци насочени кон прогресни политики наспроти тапкање во место
Влатко Неделковски е еден од најмладите кошаркарски тренери кај нас кој неколку години успешно ги учи сите оние кои сакаат да станат врвни кошаркари. Со неговите клубови до сега има освоено многу трофеи, а успеа за брзо време да реализира крупни проекти и темелни реформи од областа на спортот. Но тој исто така е многу успешен на едно друго поле за кое требаат навистина вешти механизми и посебен пристап. Неделковски е активно вклучен во политиката па и во овој општествен домен се обидува да направи значаен исчекор со имплементирање на неговите идеји, поебно за младите.
Која е вашата моментална позиција: -Секогаш
велев дека моја прва љубов и професија е спортот и кошарката, но паралелно
секогаш бев директно или индиректно вклучен во политиката и политичките
случувања во нашата држава уште како средношколец и периодот на студентските и
средношколски пленуми.
Преку тие активности и навлегување во политичкиот активизам до сега извршував
неколку функции во локалната и извршната власт и секогаш со една единствена
цел, интересот на граѓаните.
Првите чекори ги направив како дел од кабинетот на поранешниот градоначалник на
Општина Гази Баба – Борис Георгиевски каде извршував должности во локалната
власт, за потоа да преминам во Владата на Република Македонија како дел од
кабинетот на Вицепремиерката Славица Грковска
во секторот Односи со јавност.
Ова искуство ме доведе до Либералните идеи и политички дејствувања, каде ја
извршувам функцијата Односи со јавност во Либерално Демократската Партија каде
соработувам вклучително и со актуелната претседателка и пратеничка Моника
Зајкова.
Што Ве натера да се активирате во политиката: -
Како што напоменав, никогаш не престанав да се водам по насоката која значи
општествено добро и одговорност од јавен интерес. Сметам дека се околу нас е
политика. Какво здравство имаме и колку е потребно за да се закаже обична
контрола, какво образование имаме и која е сервилната едукација која се нуди за
креација на следните генерации, каков воздух дишеме, каква патна инфраструктура
имаме и колку не чинат тие пропусти, би го додал и правосудниот систем и
корупцијата и се она што го засега обичниот граѓанин уште од навршување на
своите 18 години.
Сметам дека ова се круцијални теми во општеството кои останаа нерешлива енигма
30 години без разлика за која политичка структура станува збор, а дали е тоа
недостаток на волја, неспособност или личен интерес е тема која треба сите да
не интригира ако сакаме да изградиме еден статус на стабилна држава која значи
поубаво и подобро место за живеење наспроти трендот на масовно иселување и
барање алтернатива надвор од нашите граници.
Каде се младите во фокусот на политиката има
ли стереотипи по тоа прашање: -
Една од најглавните причини поради моменталната ерозија со која се справува
целиот регион не само нашата држава е темата млади.
Недоволна застапеност на младиот интелектуален кадар во сите сфери е причина не
само на стагнација туку и уназадување на прогресот на една држава.
Имаме фактичка ситуација на стереотипи кој претставува сериозен притисок од
типот на “млади
се, неискусни” и тоа
доаѓа секогаш од едни исти актери кои ги менуваат улогите во зависно од
мандатот на владеење.
Мојот став по ова прашање е дека е потребно смена на генерации, посебно во
политиката. Потребни се млади луѓе кои се креатори, визионери, интелектуалци
кои се водат исклучиво кон прогресни политики наспроти тапкање во место и
губење време на гол популизам, непотизам и стагнација. Апсолутно дека е
потребно искуство, но тоа да го преточиме во коректор а не креатор на политичко
општествени дејствувања.
Мојата генерација е растена со желба за успех, финансиска стабилност и наратив
за силна држава почитувана на картата на светот.
Конечно мислам дека се одваживме како општество и направивме мал но значаен
чекор по тоа прашање. Имаме млади луѓе кои се градоначалници, лидери на
политички партии, функционери без разлика од која политичка опција потекнуваат.
Каде се гледате себе и како го гледате
напредокот во општеството: - За да направиме чекор напред, потребно е да се посветиме
и работиме од местото каде потекнуваме. Кога секој еден ќе допринесе за она што
се вели подобро утре во домен на своите можности и во рамки на сопственото
опкружување, ќе почнеме да ги менуваме и движиме работите кои на крајот ја
прават големата слика.
Не можам да ветам каде ќе бидам, но можам да се заложам дека интересот на
граѓаните е мој приоритет и моите погледи се комплетно во таа насока.
5 клучни работи за кои се залагате: - Пет работи се премалку за имплементирање на мојата
визија но ќе пробам да издвојам неколку.Иселувањето
на младите.
Подобар животен стандард
Правда и правичност
Младите во фокус на политиката
Еднакви услови за сите
Порака до младите: - Како млад човек единствено сакам да посочам дека ентузијазмот
кај младите не смее да згасне и да престане пред ниеден предизвик, пречка или
неправда. Политичкиот активизам во паралела со тој ентузијазам е една од
најдобрите алатки за темелни промени. Само заеднички, гласно и храбро можеме да
се избориме за нашето место под небото.
Луѓе со јасни принципи, ретко ќе залутаат, а мојата генерација има свои
принципи.
Фото: приватна архива