ВМФЛ-ЗАПАД: Вардар го пречекува Силекс во дербито на колот, Воска е домаќин на Беса

Денес се играат средбите од 26 коло во ВМФЛ, во двете конкуренции, Запад и Исток, каде се игра по едно големо дерби.

Вардар е домаќин на стадионот на Автокоманда, го пречекува Силекс кој нема резултатски притисок, тимот од Кратово е веќе прволигаш, а црвено-црните мора да победат денес и во последното коло , но и да се надеваат на кикс на Воска за да бидат втори и да играат бараж за враќање во елитата.

 26.коло во ВМФЛ – ЗАПАД (17-00 час.)

Вардар – Силекс

Воска – Беса

Тетекс –Кораби

Гостивар – Охрид

Кадино – Велешта

ФОТО: ФК ВАРДАР/ФЕЈСБУК