Спорт // Спорт
ВМФЛ-ЗАПАД: Во Кратово се крои судбината на Воска и Вардар
Денес се играат средбите од последното 27.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, една дилема, Воска или Вардар во баражот за ПМФЛ.
Силекс е веќе прволигаш, а од расплетот на натпреварот во Кратово ќе зависи и тоа кој ќе оди во бараж.
Воска гостува кај Силекс, со победа тие одат во бараж, но и со бод, со пораз од тимот од Кратово и победа на Вардар над Кораби, тогаш црвено=црните добиваат шанса за бараж и враќање во елитата.
Сите средби се играат од 17 часот.
Силекс – Воска
Кораби – Вардар
Беса – Кадино
Велешта – Гостивар
Охрид – Тетекс
ФОТО: ФК ВАРДАР / Фејсбук