Во чест на 20-годишнината од смртта на принцезата Дајана: Хари и Вилијам нарачаа споменик со нејзиниот лик- како ќе се соочат?
Принцот Хари и принцот Вилијам треба да стојат „рамо до рамо“ на спомен облележјето што го нарачаа за нивната мајка, принцезата Дајана - и покрај напнатоста меѓу браќата предизвикана од интервјуто на Хари и Мега што ја здрма крлската палаа.
„Ексклузивно можам да откријам дека Вилијам е сè уште посветен, како и Хари, да се соберат на 1 јули за откривање на статуата на принцезата Дајана во градините Кенсингтон“, изјави Расел Мајерс, експерт за британското кралско семејство, за утринкото шоу во Велика Британија „Лораин“ во петокот.
„Ова може да биде монументален период за браќата“, рече Мајерс, додавајќи дека браќата и снаите речиси и да не зборуваат со месеци, според „Сан“.
Инаку, принцот Вилијам се спротивстави на тврдењата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, дека имало расизам зад sидовите на палатата.
Запрашан за тврдењето од страна на Меган кое вклучуваше дека членови на кралското семејство се загрижиле за тоа колку ќе биде „темно“ бебето на двојката - Вилијам коментираше во средата дека „ние не сме воопшто расистичко семејство“.
Во интервјуто со Опра Винфри, принцот Хари рече дека се соочил со расистички коментари откако започнал да излегува со Маркл и дека неговиот татко, принцот Чарлс, престанал да му се јавува. Тој исто така јасно стави до знаење дека тој и принцот Вилијам се на „различни патишта“.
Но, и покрај плукањето на кралското семејство, принцот Хари вети дека ова лето ќе се врати во Велика Британија од Калифорнија за планираното откривање на спомен-статуата на неговата мајка.
Статуата е нарачана од принцот Хари и принцот Вилијам во 2017 година во чест на 20-годишнината од смртта на принцезата Дајана. Ќе се открие на кој би бил нејзиниот 60-ти роденден.Извор: Fox News