Spirit Of The Brave Intense е името на машкиот мирис на италијанската куќа Дизел, кој беше проследен со голема рекламна кампања со фудбалската суперѕвезда Нејмар.
Парфемот е мирисна композиција наменета за самоуверени, одлучни и баш мажи кои не се двоумат да го усогласат својот стил со духот на времето.
Во срцето има ноти од чемпрес и пачули дополнети со миризливи траги од јаболко и ванила.