ВО ЕГИПЕТ Е НАЦИОНАЛЕН ПИЈАЛОК: Пијте го и вие затоа што е многу здрав
Чајот од хибискус е многу корисен, помага за многу болести, а има примена и во препаратите за козметика.
Го исфрла вишокот вода од телото, претставува добар извор на железо, а го јакне и имунитетот, помага за добар метаболизам.
Се пие како освежителен пијалок во топлите летни денови, без разлика дали чајот е ладен или топол.
Овој чај е добар и за црниот дроб, а има и лаксативни својства.
Хибискусот старите Еѓипќани го користеле за лекување на респираторните и кардиоваскуларните проблеми.
Хибискусот претставува билка која е од најраспространетите видови на земјата. Многу од градините и собите во Азија се полни со цвеќиња од хибискус. Во Кина е познат како кинеска роза и претставува синоним за богатство, додека во Малезија претставува национално цвеќе. Во Египет, чајот од хибискус е познат со векови како национален пијалок.