Во форма на јајце: Новиот „срцекршач“
Гласините беа вистинити. Koenigsegg го претстави моделот Gemera, сосема нов член на семејството so моќен хибриден погон.
Додека другите брендови на автомобили прават кросовери и џипови со високо ниво на употреба, Koenigsegg реши да додаде уште две патнички места, иако го одржува спортскиот изглед на купето.
Формата е инспирирана од јајце.
Генералниот директор Кристијан фон Коенигсг вели дека го планирал овој автомобил уште од 2003 година и сакал да обезбеди секое седиште да биде подеднакво пространо и удобно, за разлика од многу 2 + 2 возила со само две употребливи места.
Предните седишта се изработени со јаглеродни влакна и тежат само 37,5 килограми. Дизајнот овозможува многу внатрешен простор, а вратите “ножици“ значат дека влегувањето и излегувањето е лесно и не бара поместување на предните седишта.
Остатокот од ентериерот е насочен кон луксузот. Ретровизорите се заменети со фотоапарати, седиштата се загреваат и ладат, а на секое седиште има големи дигитални екрани на допир за да се контролира забавата и климата, додека аудио системот има дури 11 звучници.
Gemera генерира 1.700 КС, дозволувајќи му да достигне брзина од 0 до 100 км на час за 1,9 секунди.
Ова возило е со флексибилно гориво, така што може да работи на Gen 2.0 етанол или CO2-неутрален метанол.
Koenigsegg го ограничува производството на Gemer на 300 возила, што значи дека ова ќе биде исклучително редок автомобил.