Во кои земји од ЕУ најмногу се крадат автомобили: Ќе се изненадите

Спротивно на очекувањата, Шведска е на врвот на Европската унија по бројот на кражби на автомобили, со 207 украдени возила на сто илјади жители.

Според инфографикот кој ја покажува стапката на кражби на автомобили во европските земји, по Шведска е Италија со 169 кражби, потоа Холандија со 155 и Грција со 144 кражби на автомобили на 100.000 жители.

Хрватска е на самото дно по бројот на кражби. Имено, ги имало само 17, а исто толку ги имало во Бугарија.

Во Романија имало девет кражби на автомобили на 100.000 жители, во Естонија осум, а во Данска само пет кражби на 100.000 жители.

Графиката го опфаќа бројот на евидентирани кражби на автомобили на 100.000 жители во 2020 година.


Извор: Poslovni dnevnik

Фото: unsplash