Во Македонија жените се повеќе образовани од мажите

Кога е во прашање пазарот на трудот, во нашата земја бројките варираат, се менуваат и не се константни. Но, нема преголеми осцилации. Она што е најмногу интересно е тоа што се‘ уште имаме неписмено население и најмногу вработени во преработувачката индустрија. Но и тоа дека Високо образование имаат завршено повеќе жени за разлика од мажите. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 968 604 лица, од кои вработени се 807 362, а 161 242 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.5, стапката на вработеност 47.9, додека стапката на невработеност изнесува 16.6. 

Кога сето ова ќе се сумира, преку графикони е наједноставно да се претстави, за да имате појасна слика. Поделени се во повеќе категории: 



Извор: Државниот завод за статистика