ВО НОВАТА КАМПАЊА НА СКОПСКО: Симон Трпчески открива што ја прави македонската песна посебна
Нашиот најпознат пивски бренд, СКОПСКО, и
нашиот најафирмиран пијанист, Симон Трпчески со делото „Малешевка“ од албумот
„МАКЕДОНИСИМО (композитор Панде Шахов) “, се споија во новата кампања за
СКОПСКО, која го слави сето она што ја прави македонската музика посебна:
ритамот, луѓето, нивните врски, блискоста и заедништвото.
Од Пивара Скопје велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.
- Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „МАКЕДОНИСИМО“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност. – изјави Марта Завкова, бренд менаџр за Скопско.
За маестро Трпчески, оваа соработка е природна затоа што СКОПСКО и „МАКЕДОНИСИМО“ се дел од нашиот идентитет и имаат моќ да нѐ соберат на иста маса, од убавите моменти да направат совршени сеќавања, од секојдневниот оброк гурманско доживување, а од обичната собиранка - дружба за паметење. Тие се сѐ она што сме ние, Македонците.
А како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо, погледнете во видео спотот: