Во патики ја зацементираа љубовта: Столе Стоилов и Деница „фенси“ стапија во брак

Иако можеби некои очекуваа раскошна свадба на капитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, сепак на многу „фенси“ начин се случи свадбениот чин.

Облечени во релаксирана облека и со патики, тој и сопругата Деница го изговорија судбоносното „да“! Очекуваат и принова па наскоро ќе се реализираат како родители.