Во Скопје е: Може да биде ваша за 1.200.000 евра
Цените на недвижнините во земјава постојано се во пораст. Најскапи се оние во главниот град, каде цена за метар квадратен може да достигне и до 3.000 евра.
Главна улога за цената играат многу фактори, од местоположбата, квадратурата, старо или ново, луксузно или просечно...
Интересно е тоа што за оној кој продава е малку, а за оној кој купува е многу. Отсекогаш било така. Но, никој не ве принудува, цените се тие, па одлуките се ваши.
Факт е дека во Скопје има прекрасни куќи налик на палати или ултра модерни. Но сопствениците од разни причини ги продаваат, а тоа најмногу се гледа на сајтовите за недвижнини каде има се и сешто и се е од јавен карактер.
На сајтот Реклама 5 наидовме на вила која остава без здив. Секако, скапа е и луксузна.
Вилата се наоѓа во Сопиште со панорамски поглед кон градот, сместена во јужниот дел на Водно на само 8км од Скопје. Располага со вкупна површина од 850м2, приземје и 2 ката и дворна површина од 1200м2 со хортикултурно уреден двор и базен.
Вилата има 5 спални соби, паркинг за 4 возила, фитнес сала и спа - центар, џакузи и сауна.
ЦЕНА: 1. 200.000 евра
Еве како изгледа на следниот линк: