Во сон му се појавило каде се наоѓа закопано злато: Пензионер (71) ископал дупка од 40 метри па следел хорор: Бил опседнат со тоа
Идејата за закопано богатство и негово пронаоѓање е широко распространета меѓу луѓето ширум светот. И додека некои само фантазираат да го најдат, други брзаат да најдат злато, а некои за жал ги губат животите во таков процес.
Таква судбина доживеа пензионер од Ипатинга, Бразил по име Жоа Пимента де Силва (71), кој опседнат со идејата за богатство, паднал во дупка од 40 метри што претходно ја ископал под подот во кујната - откако сонувал дека тaa е под закопано злато.
Трагедијата што доведе до смрт се случи на 5 јануари.
Еден „дух“ го известил за закопаното богатство
Соседите велат дека пензионерот бил опседнат со идејата дека златото е закопано длабоко под неговиот имот во општината Ипатинга во бразилската држава Минас, до кој се обидувал да стигне.
„Жоао помина повеќе од една година копајќи ја дупката и ангажираше многу луѓе да работат на ископувањето. Започна со плаќање 70 бразилски реали (околу 12 евра) на ден кога дупката беше сè уште плитка, но колку подлабоко одеше толку повеќе трошоцитебеа поголеми. На крајот платил околу 92 евра на секој што ќе влезе во дупката и помогнал да се отстрани почвата“, изјави неговиот братучед Арналдо да Силва за локалните медиуми.
Соседот рече дека Жоао тврдел дека „дух“ му рекол во сон дека има злато длабоко под каменот во неговата кујна. Меѓутоа, иако се обидел да го предупреди за опасноста од неговата мисија, несреќниот човек го игнорирал.
„Не можеше да му се помогне“
По трагедијата, пожарникарите и брзата помош брзо излегле на местото, но Брзата помош можела само да констатира смрт.
Пожарникарите потврдија дека тој ден околу 13 часот и 30 минути добиле повик од куќата откако сопственикот паднал од височина од околу 39 метри, кој се спуштил на околу 12 ката, но кога пристигнале не можеле ништо да направат за да го спасат неговиот животот.
Локалните медиуми наведуваат дека се верува дека жртвата се лизнала и паднала од дрвена платформа во близина на врвот на дупката додека се обидувала да се искачи надвор после работа за да ја отстрани водата и калта. Други извештаи, пак, тврдат дека тој паднал од детската лулашка што ја користел за да влезе во дупката. И неговиот пријател, Антонио Вилсон Коста, со кого работел не можел да го спаси. Тој бил сведок на падот и рекол дека седиштето на Да Силва едноставно се отпуштило.
Неговото тело било извадено од Брза помош. Констатирани биле повреди на главата и скршеница на ногата, како и други скршеници.
Работникот на противпожарната бригада Луис Филипе де Миранда посочи сериозни безбедносни проблеми кога станува збор за самата дупка.
„Можете на сликите да видите дека сето тоа е многу архаично, лаичко, импровизирано. Нема фиксна потпорна конструкција. Неговите потпори за качување немаат шрафови во земјата. Тој се спушташе на некаква детска клацкалка, без ремен, без безбедност“, рече тој.
Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs