Во Србија расте бројот на хоспитализации: Имаат средно-тешка клиничка слика и не се вакцинирани
Раководителот на Детската клиника на ковид болницата КБЦ Драгиша Мишовиќ, д-р Оливера Остојиќ, вели дека благо се зголемува бројот на деца кои се во болница на лекување поради ковид 19, а дека меѓу заболените е и десетдневно бебе, кое дошло во болницата со заразената мајка.
Таа за Еуроњус Србија изјавила дека Детското одделение во таа болница пред две недели било целосно празно и немале пациенти, а дека сега имаат пет или шест пациенти во болницата.
„Бевме со нула пациенти пред две недели. Бројот на заразени деца дискретно се зголемува, но не е алармантно. Децата доаѓаат со поблаги симптоми. Доаѓаат од внатрешноста. Добивме и 10-дневно бебе, кое дојде со заразена мајка. Доаѓаат и најмладите деца, кои ја добиваат инфекцијата од нивните родители“, изјавила д -р Остојиќ.
Во моментов, пак, во ковид болницата во Крушевац се хоспитализирани 75 пациенти, и како што изјави за Танјуг координаторот на таа болница, д -р Владан Цветановиќ, бројот на приеми на пациенти до 30 -годишна возраст и помлади е зголемен во последните денови.
Д-р Цветановиќ вели дека кај овие пациенти доминира умерено-тешка клиничка слика, дека ниту еден од нив не е на апарати за механичка вентилација, но и дека сите тие се невакцинирани.
Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мкФото: freepik