„Во текот на сексот ме праша ова, се возбудив како никогаш досега“: Мажи, ова е тајната
Со поставувањето на ова прашање создавате можност да потврдите дека тоа што го правите е возбудливо или дека од друга страна му дозволувате на партнерот да ви каже што навистина сака.
Сексологот Емили Морс на својот Инстаграм напиша дека една реченица е клучот за разгорување на страста во спалната соба.
- Според мене, највозбудливо е кога партнерот ќе те праша: Дали ти се допаѓа ова … – вели Морс.
Дури и ако сте убедени дека ги знаете сите желби на партнерот, секогаш има простор за подобрување.
Со поставувањето на ова прашање создавате можност да потврдите дека тоа што го правите е возбудливо или дека од друга страна му дозволувате на партнерот да ви каже што навистина сака.
- Некои од нас мислат дека партнерот треба интуитивно да ги знае сите наши сексуални желби, но тоа е ретко можно. Ваквиот начин на „проверување“ за време на сексот, и давање до знаење на партнерот дека прави нешто добро, води до поголемо задоволство, подлабока поврзаност и подобра комуникација во сите сфери на животот. Ова е клучот за успехот во сексот – вели Емили.
Мнозинството се согласни со неа: „Ми се допаѓа кога партнерот ме прашува дали нешто ми се допаѓа“. Ме праша еднаш среде секс и ме вклучи, мислам дека секој маж треба да го направи тоа“, и напишале.