Во врска беа 9 месеци, а тој не сакаше да имаат односи: „Тогаш ја дознав страшната вистина за неговиот пенис“ (ВИДЕО)
Четириесет
долги години Ендрју Вардл живеел без пенис, а дури неодамна за прв пат во
животот почувствувал ерекција.
Имено, како што откри во документарниот филм снимен за него „Човекот без пенис“, Ендру (40) е роден со екстрофија на мочниот меур, исклучително ретко пореметување поради кое мочниот меур му се развил надвор од телото. Како резултат на тоа, Ендру е роден без пенис. Како бебе, тој беше подложен на корективна операција за да го врати мочниот меур во неговото тело, но токму оваа процедура спречила неговиот пенис да расте.
Тоа не му пречело додека не станал тинејџер, а потоа полека почнал да сфаќа дека неговата состојба ќе има големи последици врз љубовниот живот. И тогаш му стигна веста за Мухамед Абад, Британец кој доби бионички пенис по несреќа во основно училиште во која го загуби пенисот. Решил да даде се од себе за да го добие тој бионички пенис и после преку 100 операции успеал. Неодамна, тој има бионички пенис кој е направен од неговата сопствена кожа, мускули и нерви земени од неговата лева рака.
Сепак, постои улов - во неговиот пенис има цилиндри кои се полнат со течност што доаѓа од вреќата сместена во неговите тестиси - ова е процес што треба да се случи за Ендру да доживее ерекција. Меѓутоа, за да започне процесот на ерекција, лекарите треба буквално да го притиснат копчето во неговото тело, поради што Ендрју мора да остане во болница три дена, а неговата ерекција трае две недели.
Ендрју вели дека целиот процес го плаши, но во исто време е и среќен, бидејќи за прв пат во животот ќе има секс, и тоа не со било кој, туку со девојка со која е во романтична врска. Тоа е Федра Фабијан, која на медиумите им откри дека дознала дека нејзиното момче нема пенис само девет месеци откако почнале да се забавуваат - и тоа откако видела дека пишуваат за него во весниците.
- Се обидов да бидам трпелива и да не го испрашувам премногу за се. Пред тоа имавме незгоден период, токму поради недостатокот на секс во нашата врска, а сега кога конечно дознав за што се работи, се обидов да му дадам простор. Важно е да сме пријатели и да си веруваме - вели Федра, а Ендрју додава дека сексот не му е на листата на приоритети кога станува збор за нов пенис.
- Сите мислат дека оваа операција ја направив за секс, што не е точно. Мојата состојба носи големи последици. Со години се борам со разни бубрежни воспаленија и други инфекции поради тоа, а приоритет ми е да се ослободам од него. Секако, сакам да пробам и секс, но сексот не ми е првото нешто на ум, ниту Федра – заклучува Ендру.