Водич за почетници во подигање и ефективно користење на станбен кредит
Се подготвувате за почеток на нов живот? Тукушто започнувате семејство и сакате да живеете во Ваш, сопствен дом? Или можеби сте спремни да бидете самостојни, но соништата се малку поголеми од заштедата? Халкбанк го има вистинското решение - Станбен кредит за секоја потреба и исполнување на секоја желба.
Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување за физички лица. Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа или деловен простор, како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Неретко луѓето се скептични кога станува збор за подигнување кредит, а најчесто тоа е резултат на недоволна или погрешна информираност. Не плашете се да ги поставите сите прашања чиј одговор не го знаете. Најчестите прашања кои ги интересираат луѓето пред подигање кредит се:
- Кој е највисокиот износ кој може да се подигне?
- Кој е максималниот рок на отплата?
- Кое е минималното учество?
Највисокиот износ на кредит во Халкбанк е 140.000 евра, а максималниот рок на отплата е 360 месеци со можност за грејс период до 12 месеци. Минималното учество е 10%. Каматната стапка е 3,2% фиксна за првите 10 години и 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот Трошоци за проценка не постојат, а провизијата за обработка на кредитот е 0%.
Уште едно често поставувано прашање е: Што ако го исплатам кредитот предвреме?
За предвремена отплата на кредитот, надоместот е 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства, а доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ.. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата.
Надоместот се наплатува доколку корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надомест веднаш по добивање на пресметката од банката. Надлежните лица на банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
Време е да инвестирате во себе и во Вашата иднина. Халкбанк е тука за да ги исполни сите желби, затоа што важни се луѓето и нивните соништа.