Вонредна состојба поради туристите: Мајами Бич воведува полициски час, затворени и шеталиштата покрај плажата
Градот Мајами Бич на југот на Флорида прогласи вонредна
состојба во саботата поради прекумерниот број на туристи за време на пролетната
пауза, додека трае пандемијата
на корона вирусот.
Градоначалникот на Мајами Бич, Дан Гелбер, објави дека во тоа популарно туристичко и забавно место во саботата е воведен полициски час, а шеталиштата покрај плажата биле затворени, пренесува порталот „Јаху њуз“.
Двете мерки ќе бидат во сила најмалку три дена, рече градоначалникот и потврди дека се водат разговори за продолжување на ограничувачкиот режим.
Официјалните податоци покажуваат дека делови од Јужна Флорида сè уште се жаришта на ширење на вирусот ковид-19, а од почетокот на пандемијата во оваа американска сојузна држава се потврдени повеќе од два милиони случаи на ковид-19.
Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH