Воопшто не јаде ништо скапо: Поранешниот готвач ја откри тајната на исхраната на Роналдо
фото:Printscreen/Instagram
Џорџо Бароне минатата година отворено зборуваше за начинот на исхрана на еден од најдобрите светски фудбалери.
Тој ја напуштил работата во Сицилија во 2018 година, и почнал да готви за Роналдо.
Бароне се вработил кај Португалецот, кога Роналдо се пресели да игра за Јувентус и се преселил во Торино, а овој италијански готвач живеел со Роналдо три години, пред фудбалерот да се пресели во Манчестер Јунајтед.
„Тој јаде здрава и природна храна. Риба, пилешко, јајца, говедско месо, авокадо и црн ориз. Нема недостиг од зеленчук, салати, морски плодови и протеини, најмногу риба“.
Овој готвач тврди дека најголемата тајна се крие во специјално кокосово масло.
„Ја готвев неговата храна со кокосово масло. Нему му беше важно да пие многу прочистена вода“, додаде Италијанецот.
„Тој е шампион за сите. Голем човек, одличен татко, апсолутно посветен на семејството“, истакна италијанскиот готвач.
извор:najzena