VOXAN WATTMAN стана најбрзиот електричен мотор на светот

Францускиот производител на мотоцикли Воксан успеа да ја освои титулата најбрз електричен мотор во светот. Компанијата со седиште во Монако веќе извесно време работи на рекорден електричен мотоцикл наречен Wattman и првично планираше да направи обид за рушење на рекорди во јули оваа година. Сепак, пандемијата ги уништи плановите, па соборувањето на рекордот беше одложено за ноември. Електричниот мотоцикл произведува еквивалент на 362 коњски сили, што му дава неверојатно забрзување.

Воксан го сруши рекордот на релативно малата писта од 2,77 километри на аеродромот Марсел Дасо во Франција. Поранешниот шампион во мото ГП, Макс Бијаџи, беше тој што го возеше моторот и успеа да постигне максимална брзина од 408 км на час.

За да го легализира рекордот во согласност со прописите на ФИМ за рекорди со максимална брзина, Бјаџи го возеше Вотман и во спротивна насока, регистрирајќи двонасочна просечна брзина од 380 км на час. Мотоциклот беше опремен со модернизирано тело што го намалува отпорот на воздухот и кое е неверојатно силно и лежи добро на патот. Воксан успеа да постави 12 рекорди на брзина, од кои 8 беа нововоставени. Воксан исто така вети дека ќе се врати следното лето и ќе се обиде да постигне двонасочна просечна максимална брзина од 400 км на час.