Возачите на овие модели добиваат најмногу казни за брзо возење
Во ваквите ситуации сината боја е поспортска боја од црвената..
Стереотипите многу
често се стереотипи со причина.
А, се чини дека стереотипот дека возачите со брзи автомобили најчесто добиваат казни, е потполно точен.
Попрецизно кажано, возачите на моделот „Subaru Impreza“ добиваат најмногу казни за врзо возење.
Најновото истражување набљудуваше 1.6 милиони апликации за осигурување на автомобилот за да дојде до листата од 10 автомобили чии возачи добиваат најмногу казни за брзо возење.
А на врвот на оваа листа се најде „Subaru Impreza WRX“. Веднаш под него се „Scion FR“, „Volkswagen Golf GTI“ и „Hyundai Genesis Coupe“.
На средина од листата се наоѓаат и неколку интересни модели како што се „Jeep Wrangler Unlimited“ и „Dodge Ram“.
На долниот дел од листата се сместени „Dodge Dart“, „Infiniti G37“, стандардниот „Subaru Impreza“ и „Hyundai Veloster“.
Ова е доста интересен список бидејќи во САД можат да се купат и многу други европски модели како што се Mercedes, BMW и Jaguar, но се чини дека нивните возачи се многу поумерни во брзината на возење.