Живот // Живот
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимени се настраданите од експлозиите на аеродромот во Кабул
Иако западните сили алармираа дека вакво нешто може да се случи, сепак се случи. Сценариото се исполни и резултира со многу жртви.
Како што пренесува Гардијан, најмалку 60 авганистански цивили се загинати во двете експлозии во близина на аеродромот во Кабул, додека 140 се ранети објави авганистанското Министерство за здравство..
Загинати се 12 американски војници, а најмалку 15 се повредени, потврди генералот Френк Мекензи - шеф на американската Централна команда.
Тој на брифинг со новинарите во Пентагон рече дека по бомбардирањето следувало пукање и дека додека армијата тагува поради смртта на нејзините припадници, евакуацијата од Авганистан продолжува.
ИСИС ја презеде одговорноста за денешните бомбашки напади според извештајот на Амак, наведувајќи дека нејзините борци убиле и раниле приближно 160 луѓе. Извештајот за нападот е објавен со фотографија на бомбашот-самоубиец.
На Твитер веќе кружат видеа од жртвите