Врвни перформанси, максимално доживување: Porsche Road Tour 2022

Коњица од 12 Porsche автомобили помина повеќе од 1.400 километри во пет дневно искуство низ Скопје и источниот дел од државата, преминувајќи низ прекрасни планински предели исполнети со остри свиоци каде вистинските перформанси излегуваат на виделина.

Овогодинешниот празник на сетилата започна од Porsche Center во Скопје, каде гостите беа пречекани од професионалните инструктори на Porsche, Винко Марашевиќ – Porsche Бренд Менаџер и останатите претставници на Порше Македонија. По краткото запознавање со возилата и безбедносниот брифинг, гостите ја започнаа турата кон финалната дестинација – Винарија Лазар преку Штип и Неготино.

Лидер на конвојот беше новиот 911 Turbo S кој со своите моќни 650 коњски јасно ја претстави својата доминација во сите временски услови. Зад него, следеа 718 GTS верзиите на Cayman и Boxter со 4 литарски 6 цилиндричен атмосферски боксер мотор кој испорачува импресивни 400 коњски сили. GTS верзијата на новиот 911 ја комплетираше прекрасната симфонија на звуци кои доаѓаа од двоседите. Новата Panamera GTS Sport Turismo е наредниот претставник на практичноста на моделите на Porsche, додека Turbo S E-Hybrid варијантата е главниот претставник на несопирливата моќ на Panamera. SUV претставници беа новите Cayenne E-Hybrid Coupé, Cayenne Turbo S E-Hybrid Coupé и најбрзиот SUV на планетата – Turbo GT со 640 коњски сили и забрзување до 100км/ч за 3,3 секунди. Блиску следени од добро познатиот Macan S и електричните Taycan Turbo S и Taycan Turbo S Cross Turismo, двата со моќност од 761 коњска сила и забрзување до 100 км/ч за 2,8 и 2,9 секунди.

Настанот во времетраење од пет дена беше поделен во дедицирани денови за 5 различни категории на клиенти според класификацијата на брендот Porsche. За истакнување е денот посветен на Жените возачи т.н. Driven Females Day, каде дамите исклучително импресивно ги покажаа своите врвни возачки способности според сите строги критериуми на Porsche.

Нов дел од овогодинешниот Road Tour е присуството на новооснованиот Porsche Club Macedonia и нивните членови кои беа дел од овој настан. Членовите ја покажаа својата љубов кон брендот и имаа одлична можност да ги тестираат новите модели од понудата на германскиот производител на спортски автомобили.

По пристигнувањето во винаријата Лазар, електричните Taycan Turbo S и Turbo S Cross Turismo едноставно ги надополнија своите батерии на полначите Porsche Destination Chargers додека гостите беа дел од винската тура организирана од домаќините низ петте дена – Винарија Лазар.

Како дел од долгогодишната глобална соработка помеѓу Porsche и брендот за часовници TAG Heuer, по пристигнувањето во Винаријата Лазар, гостите беа пречекани од страна на претставници на „Божиновски“ кои ексклузивно го презентираа новиот часовник TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph Special Edition. 

ПР објава

ГАЛЕРИЈА