За блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, студентски пакет со низа поволности од Халкбанк
Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите.
За да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите сегашни и идни студенти, Халкбанк креираше специјален студентски пакет на производи наречен „За чиста10-ка“.Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го создадеексклузивниот пакет услуги што им нуди на студентите низа поволности и бенефиции, со цел да им го олесни секојдневното функционирање за време на студирањето. Пакетот на производие наменет за студентина возраст од 18 до 24 години, а сите сегашни и идни студенти можат да аплицираатонлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да поседуваат важечки индекс и лична карта.
-0:09
Со студентскиот пакет „За чиста 10-ка“, секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водењетрансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend - за лесно префрлување средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка, како иHalkPay - за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон преку дигитализација на платежните картички.
Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник преку дигитализација на платежните картички од брендовите Visa и Mastercard.
Политиката на банката - да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.
ПР објава