За јак имунитет: 5 златни совети од тибетската медицина

Знаеме дека моќта на тибетската медицина е во превенцијата. Ни дава упатства за исхрана и начин на живот, со помош на кои можеме да спречиме појава на разни болести. И, се разбира, да го усогласиме сето ова со нашата сопствена индивидуалност.

Овие 5 најважни препораки се за зголемување на имунитетот:

Јадете храна со горчлив и зачинет вкус
Користете повеќе зачини. Можете исто така да уживате во богатството на билки и со затоплување на зачините особено на црниот бибер, цимет, каранфилче, морско оревче, ким и други.

Движете се
Во истиов момент можете да најдете разни вежби преку Интернет или часови по јога.

Обидете се да останете на сонце најмалку 1 час на ден

Дури и ако единствената опција е вашата тераса.

Пијте топла вода во текот на денот

Можете исто така да додадете во водата и ѓумбир.

Погледнете внатре во себе
Искористете ја социјалната дистанца за да погледнете внатре во себе. Може да примените разни техники на медитација. Обидете се да развиете чувство на безусловна љубов и сочувство кон сите живи суштества.

Извор: edna.bg