За модерни и искрени мажи: Нов парфем Burberry Hero
Адам Драјвер, sвездата на филмот „House of Gucci“, е новото
заштитно лице на првиот парфем на Рикардо Тиши.
„Сакав Burberry Hero да ја опфати модерната машкост, да си игра со суштината на исконските човечки и животински инстинкти, канализирајќи ја двојноста помеѓу силата и чувствителноста“, рече креативниот директор Рикардо Тиши за својот прв мирис за британската куќа.
„Адам Драјвер ја има оваа неверојатна длабочина во артикулирањето на тоа што значи мажественост денес - како силата може да биде суптилна, а емоциите да зајакнуваат“.
За Tиши, модерната машкост мириса на дрво. Парфемот е развиен од Аурелијан Гихард, така што „Херој“ го содржи срцето на кедар од Вирџинија, планините Атлас од Хималаите, зајакнати со ноти од смрека и црн пипер.
За медиумите, Драјвер накратко ја коментираше кампањата: „Многу сум среќен што работам со Burberry на кампањата за парфемот Burberry Hero“.
Фото: fragrantica.com/hypebae.com
Видео: Youtube