За најдобриот задник на светот само најдоброто: Бен на Џеј Ло ѝ подарил дијаматска даска за ВЦ школка
Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек ги воодушевија сите кога ја обновија својата љубов по 17 години од раскинувањето на веридбата, а многумина заборавија на бизарниот подарок кој Џеј Ло го доби од Афлек пред скоро две децении.
Во минатото тие често си купуваа подароци еден на друг и на тој начин, некогаш романтичен, некогаш помалку чуден за јавноста, си изјавуваа љубов. Бен, дури и по 19 години, денес го носи часовникот кој му го подари Џенифер. Меѓутоа, неговиот подарок за пејачката дефинитивно нема конкуренција.
Имено, актерот во една прилика својата сакана ја израдува со даска за ВЦ школка прекриена со дијаманти, за која наводно искеширал 105.000 долари, а се зборува и дека самиот ја дизајнирал.
„Џенифер е моја принцеза и го заслужува само најдоброто, дури и кога станува збор за тоалетот“ - наводно му кажал Афлек на еден пријател, додека американските медиуми тие денови пишувале - „За најдобриот задник на светот само најдоброто“.
По раскинувањето на веридбата во 2004 година, не е познато каде завршил овој повеќе од специфичен подарок, а бидејќи Бен својот часовник го носи со себе како амајлија, не би не чудело и Џенифер сѐ уште да си ја чува дијамантската даска за ВЦ школка, која ја красат рубини, сафири, бисери и еден дијамант.