За најлесната работа на светот се плаќа 2.000 евра: Имате само ЕДНА ЗАДАЧА, нема да верувате која

Швеѓаните објавија оглас за работа кој ќе воодушеви многумина - затоа што можете да заработите солиден приход за многу едноставна работа.

Нивниот план е, како дел од уметнички проект, да ангажираат кандидат кој ќе има само една одговорност - тој ќе мора да се појавува на железничката станица во Гетеборг во одредено време секој ден.

Кога работникот ќе доаѓа на работа, светлата на платформата ќе бидат вклучени така што сите ќе знаат дека на неговото работно место се појавил „бескорисен работник“. Откако ќе се вклучат светлата, работникот може да оди каде сака и да прави што сака, а на крајот од смената треба повторно да дојде до станицата за да ги исклучи светлата. Оние што ќе ја добијат, оваа позиција гарантира работа до пензија, заедно со плата од 2.000 евра, годишно зголемување, годишни одмори и исплати на пензискиот систем.

Приказната за човек на кој му се плаќа да не работи, започна пред две години кога беше објавен курс за уметници за кои, за награда од 670.000 евра, требаше да го дизајнираат изгледот на железничката станица Гетеборг Корсваген. Уметниците Симон Голдин и Јакоб Сенеби дојдоа до идеја парите од наградата да ги пренасочат за работа на човек кој „не прави ништо“.

За таа цел тие основаа здружение со цел да избегнат оданочување на парите од наградата, а потоа вложија сè во акции. Тие процениле дека ќе можат да плаќаат „засекогаш“ на работникот, т.е. за оваа позиција ќе имате пари во следните 120 години, пренесува Oddity Central.

Одлуката предизвика негодување кај дел од шведската јавност, а некои политичари ги обвинија уметниците дека ги трошат парите на даночните обврзници. Други ги обвинија дека ја направиле идејата бескорисна. Тие се согласуваат:

- Целиот концепт некој да се појави на работа само за да ги вклучи и исклучи светлата е глупав и непродуктивен, но тоа е и суштината на нашата идеја - велат уметниците.


Фото: PIXABAY

Можеби ќе ве интересира:

Како буквално од овчар стана милијардер: Хамди Улукаја, кралот на јогуртот