За нив нема препреки: Жељко Бебек и неговата Ружица се сакаат како и првиот ден
Љубовната приказна за Бебек и неговата Ружица трае веќе 23 години, а хемијата меѓу нив сè уште не исчезнала.
Љубовта помеѓу 75-годишниот Жељко Бебек и неговата прекрасна 34-години помлада сопруга Ружица се случила, каде на друго место туку на неговиот концерт кога Ружица дошла да му побара автограм.
Популарниот пејач се ожени двапати пред Ружица и има две деца од првиот брак, и уште две со Ружица, ќерката Катарина и синот Звонимир. И двајцата се музички таленти. Звонимир свири гитара, а Катарина клавир.
Бебек стана дедо двапати. И иако се заедно повеќе од две децении, Жељко не крие дека сè уште е луд по својата сопруга од која буквално не се разделува, а својата љубов често ја покажува на социјалните мрежи.
Токму такви неколку моменти музичарот сподели неодамна од романтична прослава на Денот на вљубените во спа центар, која вклучуваше масажа на нозете и шампањ.
Најнеобичната фотографија е онаа на која се гледа слика над нив, која е закачена на ѕидот, а на неа Бебек позираат во кревет.
„Сфатив дека погледите ни се сретнаа и дека кликнавме истиот момент. Уште веднаш донесов одлука дека ќе направам сѐ за да ја освојам, да ја наговорам со мене да остане засекогаш“, открил Бебек за „Нова ТВ“.
„Мала е разликата. Нешто ситно. 34 години се, а како да се четири“, рекол неодамна пејачот. Бебек истакнал дека се труди да биде млад маж и во тоа успева.