За оваа куќа ќе има караница: Бил Гејтс и Мелинда имаат нешто кое го сакаат и двајцата
Целиот свет зборува за разводот на милијардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда. Според сите наводи, богатството од 180 милијарди долари ќе се дели на половина.
Но, за најновата куќа која ја купија ќе се „кршат копја“. Ја обожаваат и Бил и Мелинда, па нивните пријатели велат дека никој нема да попушти и да се откаже од овој имот.
За ова здание „искешираа“ дури 43 милиони американски долари, а веќе првиот поглед на локацијата и луксузната вила, ќе ве остави без зборови.
Имотот се наоѓа во Калифорнија Дел Мар и има неверојатен поглед на океанот, пренесува baltimoresun.com.
Ова е еден од најскапите имоти во областа.
Она што е посебно е дека покрај главната куќа, има стаклена градина, како и две куќи за гости, од кои сите имаат пристап до спа-објекти, домашно кино, како и стаклен базен, тениско игралиште и џакузи за десет лица.