За овој познат Турчин сите зборуваа дека е геј, а тој се ожени со убавицата од Босфор: Мафијаши им се закануваа дека ќе им го киднапираат синот, им предвидуваа развод и еве дали погодија
Колку се следеше нивната венчавка, а потоа и бракот во кој многумина се сомневаа. Нивната љубовна приказна е далеку од мирно пристаниште, судејќи според медиумските натписи. Имаше многу турбуленции што беше и важен тест за нивната врска. Дали Фахрије Евџен и Бурак Озџивит успеаја да го положат тестот?
Популарен пар од Босфор, кој важи и за исклучително атрактивен брачен тандем, пред неколку дена беше на важна церемонија на доделување награди. Познатиот Бали бег, Бурак Озџивит како добитник на наградата од сцената и се заблагодари на својата сопруга Евџен при што таа му испрати насмевка.
Изгледаа одлично пред камерите и фоторепортерите, тој беше исклучително внимателен кон неа, а турската актерка, позната на нашата публика по улогата на Неџла од хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ блескаше од среќа.
Бали бег и неговата сопруга добија втор син претходно оваа година. Љубовта го помина тестот, а што му претходеше на парот?
Фахрије и познатиот Бали бег од турската сапуница „Сулејман Величествениот“, имајќи ги предвид скандалите што ги следеа, се меѓу најинтригантните парови од Босфорот. Тие се во брак од 2017 година, а се заљубија за време на снимањето на серијата „Љубовен дневник“.
Штом нивната врска стана позната, многумина предвидуваа краткотрајна романса. Прво се пишуваше дека турскиот актер е геј и дека неговата врска со Фахрија е само параван, што тој остро го демантираше.
Истовремено, многумина веруваа дека врската нема да трае поради неговата популарност кај женската публика, односно дека Бурак нема да одолее на бројните предизвици.
Гласините дека се разведуваат ги следат уште од првиот
ден на нивната венчавка. Турскиот актер Бурак Озчивит ги коментираше тие наводи
во 2020 година.
„Ние двајца многу добро се познаваме. Точно е, ние сме славна двојка, но дома
сме како обично семејство. Работата и јавниот идентитет се сосема различни.
Меѓутоа, кога влеговме во врска, ние го знаевме сето тоа. Бевме свесни за се, и
навистина немаме никакви проблеми. Мислам дека добро се справуваме со сите
предизвици“, рече Бали бег.
Се пишуваше дека актерите биле пред развод, непосредно пред веста дека двајцата чекаат второ дете. Веста за бременоста на позната Турчинка беше најубав демант.
Проблеми околу неговата мајка
Но, јавноста постојано се потсетуваше на кризите кои наводно ги имале во бракот. Една од тие кризи ги погоди откако таткото на актерката почина од рак на желудникот во 2020 година. Фахрије била уништена од смртта на нејзиниот татко и Бурак ја презел целата грижа за нејзиниот син.
Сопругата на Бали бег не можела да се грижи за детето, а тој ја молел да оди на психијатар.
Познатиот пар беше проследен и со гласини дека имаат многу различни ставови за родителството, што е уште една причина за нивните наводни конфликти.
Ситуацијата се „загреа“ за време на пандемијата од корона, од која настрадаа и актерката и нејзиниот син. Наводно Фахрије и нејзиниот сопруг постојано се расправале, а таа влегла во конфликт и со неговата мајка. Кога Бали бег застанал на страната на неговата мајка, работите ги преминале границите.
Мафијашите се заканувале дека ќе им го киднапираат синот
Голем скандал им се случи кога актерот купи нова вила во
близина на Истанбул во 2020 година.
„Проблемот настана кога Бурак дознал дека некој друг е заинтересиран за таа
куќа и дека цената не му е важна. Бидејќи актерот прв го платил авансот,
вториот купувач остана без куќа. Набрзо стана познато е дека вториот
заинтересиран купувач е член на криминалното подземје и дека не му се допаднало
што останал без вилата, која по секоја цена сакал да ја внесе во имотната
карта“, вели изворот.
Поради проблемите со купување на куќата, криминалците им се
заканувале на познатиот пар со киднапирање на нивниот син.
„Се верува дека се ќе се реши, но секако дека не им е сеедно. Ангажирал
телохранители без кои не излегуваат од дома и се надеваат дека драмата ќе
заврши што е можно поскоро“, додал изворот.
Фото: Инстаграм
Извор: zena.blic.rs