За страсни возачи: Следниот Audi A4 ќе има и дизел мотори
Ауди ќе ја претстави новата генерација А4 во 2023 година, а
познати се и првите детали за моторот.
Новиот Audi A4, кој ќе се појави за две години, ќе користи иста MLB механичка платформа како и неговиот претходник.
Моделот, кој е многу важен за германскиот производител, бидејќи сочинува околу една петтина од сите продадени Audi во светот, ќе го користи добро познатото семејство на турбо-бензински мотори EA888 2.0 со 4 цилиндри, пишува Auto Express.
Компанијата исто така потврди дека новиот А4 ќе има повеќе електрифицирани погонски системи во споредба со сегашните „четири“, вклучувајќи 48-волти „лесни“ хибридни верзии и „plug-in“ хибриди.
Плагин-хибридите се очекува да бидат опремени со батерија од 14,4 kWh, која исто така се наоѓа во Audi Q5 Plug-in Hybrid.
И на крај, добра вест за ентузијастите на дизел. И покрај фактот дека многу автомобилски компании го отстрануваат овој тип мотор од своите модели, Audi ќе ги задржи дизел -енергетските единици и во следната генерација А4.
Фото: Audi promo