За третата вечер црвено, да навестува радост: Александра Пријовиќ го маѓепса Белград со секси фустан полн со кристали

Таа повторно успеа да ја подигне публиката на нозе и да направи забава за паметење

Трета вечер по ред во белградска Арена одекнуваа хитовите на позната српска пејачка Александра Пријовиќ. Како и претходните вечери со нетрпение се чекаше настапот на оваа млада ѕвезда, а публиката едвај чекаше да се качи на сцената.

Таа за третата вечер избра фантастичен стајлинг во црвено. Прекрасниот долг фустан ја направи Александра да блесне со посебен сјај и оваа вечер. Претходните вечери ги воодушевуваше сите со своето пеење и стајлинг, а и оваа вечер беше нешто посебно.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic)


Комбинацијата од тантела и материјал направи да изгледа како божица, а како и претходните вечери, фустанот имаше дел кој потоа пејачката го соблече и остана во многу атрактивен, тесен фустан кој ја следеше линијата на телото.

Во првиот бран, фустанот имаше голема машна во пределот на половината, која исчезна кога пејачката го откачи долниот дел од фустанот и остана во речиси проѕирна верзија која беше покриена со илјадници светкави циркони.

View this post on Instagram

A post shared by (@lifeofaleksandraprijovic)


Се чини дека Александра потрошила мало богатство за да смени повеќе од 10 комбинации во текот на овие три вечери.

View this post on Instagram

A post shared by (@a1eksandraprijovic)


Тешко е да се каже кој фустан бил најубав, но едно е сигурно, пејачката се потрудила да не остане незабележана. Секој убавана свој начин, фустаните што ги носеше ги освоија срцата на љубителите на модата и ја покажаа Александра во најдобро можно светло.

Извор: glossy.rs