Забележал грутка на задниот дел од главата, а потоа почнала да расте: Лекари извадиле тумор со големина на глава, 5 симтоми биле пресудни
Лекарите успешно извадиле тумор со големина на глава на 39-годишен маж! Само една грешка била доволна за фатален исход.
39-годишен маж од Индија имал 24 години кога забележал мала грутка на задниот дел од главата. Во текот на следните 15 години, туморот постепено растел, додека не почнал да изгледа како втора глава. Следеле и други здравствени проблеми - хронична болка во вратот, вкочанети раце, отежнато одење, депресија, несоница... Лекарите решиле да направат операција која била премногу ризична за да му го спасат животот.
Ваква одлука донеле откако откриле дека туморот почнува да ги уништува коските на черепот. Оштетил околу 4 сантиметри од окципиталната коска, мала, рамна коска во задниот дел на мозокот која ги поддржува мускулите на вратот и се поврзува со делови од 'рбетот што овозможуваат кимање или тресење на главата.
Се покажа дека туморот е мезенхимален тумор кој се развива од матични клетки пронајдени во коскената срцевина. Овие клетки се клучни за поправка на скелетните ткива како што се коските и 'рскавицата. Мезенхималните тумори се исклучително ретки, со помалку од еден од милион случаи се јавуваат годишно, според научниците. Тие можат да бидат малигни или бенигни. Сепак, не е познато каков вид тумор имал мажот од Индија.
Како што пишува „Times now“, операцијата била комплицирана. Хируршкиот тим, предводен од д-р Динеш Дут Шарма, морал внимателно да ја оперира областа до крвните садови на вратот и мозокот. Секоја грешка можеla да биде фатална. За среќа, лекарите успеале да го отстранат целиот тумор, а лекарите објавиле дека пациентот целосно закрепнал.
Фото: Freepik.com
Извор: Mondo.rs