Живот // Живот
Жална вест: Почина Слободан Трајковски, доајенот на македонското новинарство
Доајенот на мекедонското новинарство, Слободан Трајковски почина, објави А1Он. Целиот свој работен век го мина во Македонската радио телевизија, каде што беше уредник во Надворешно- политичката редакција, а подоцна, во 1996 година Собранието го назначи за генерален директор на МРТВ.
Во 2010 година Трајковски замина од МРТВ, но во јавниот радиодифузен сервис мина цели четири децении.
Во неговата богата професионална кариера е и функцијата Генерален конзул во Торонто.