Замина уште една ѕвезда од хит серијата „Беверли Хилс“: Имаше 58 години, го играше свршеникот на тешко болната актерка Шенон Доерти
Американскиот
актер Дејвид Гејл, најпознат по улогата во култната серија „Беверли Хилс
90210“, почина на 58-годишна возраст.
Тажната вест ја потврдија неговиот долгогодишен пријател Питер Фериеро, како и неговата сестра Кејти Колменарес. Сепак, причината за смртта на актерот не е јавно објавена.
"Тешко дека нема ден во мојот живот да не си бил покрај мене. Секогаш мој лидер, мој најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш ќе те држам цврсто во срцето... секој ден", напишала Кејти на Инстаграм.
Во серијата „Беверли Хилс 90210“, која ги одбележа 90-тите години на минатиот век, тој го толкуваше ликот на Стјуарт Карсон, кој накратко беше свршен со Бренда Волш, ликот кој го толкуваше Шенон Доерти. Оваа актерка со години се бори со туморот, а неодамна откри дека состојбата и се влошила.
Фото:screenshot