Запознајте го NARAN- Суперавтомобилот од 1048 коњски сили
Дизајнот на овој автомобил е одговорност на Јовин Вонг, основач на Вин Дизајн и визионер кој стои зад автомобилите Аполо ИЕ и Де Томазо П72, додека дизајнот на боите и материјалите го следи Кејт Монтгомери, поранешна дизајнерка на моделот Астон Мартин Лагонда. Дуото создаде неверојатен автомобил, кој се карактеризира со остри линии и спортски стил.
Силата доаѓа од 5,0-литарски твин-турбо V8 мотор, што ќе го забрза ова возило од 0-100 Km / h за помалку од 2,3 секунди. Исто така, ќе достигне очекувана максимална брзина од над 370 км на час, додека произведува 1.036 Nm вртежен момент и 1.377 кг потисна сила - што е повеќе од тркачки автомобил GT3.
Целосно е уникатен - дури и во името на моделот, давајќи им можност на клиентите сами да го именуваат. Сè во автомобилот Наран моќе да биде прилагодено на вкусот на колекционерот, што значи дека сите сериски модели (само 45) се единствени.