Засилете го имунитетот во борба против сезонските алергии!

Алергиите се едни од најчестите хронични болести. Причината за алергиските реакции е хиперсензитивноста на имуниот систем. Кога честичка како прашина, полен или мувла ке дојде во допир со организам кој е алергиген на таа честичка имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот. Ова предизвикува симптоми како кивање, кашлање, чешање на очите и др. Алергените можат да бидат внесени преку дишните патишта, гастроинтестиналниот тракт или преку кожата. Чести алергиски реакции како астма се поврзани со антитела продуцирани од телото-имуноглобулин Е. Секое IgE антитело е специфично, на пример може да реагира на различен вид на полен. Кога личноста е изложена на алергени, телото почнува да лачи голема количина на слични IgE антитела. Следното изложување на истиот алерген може да резултира со алергиска реакција. Научниците тврдат дека многу фактори влијаат на зголемениот број на алергии. Како резултат на тоа телото не секогаш може да развие природна одбрана односно антитела кон алергените. Бидејки во основата на алергиите е лежи хиперсензитивноста на имуниот систем, студиите покажуваат дека еден од начините да се ублажат симптомите е администрација на пробиотици, односно појачување на имунитетот. 

Всушност 80 проценти од имуниот систем е локализиран во дигестивниот тракт. Слузницата на текното црево е полна со лимфни јазли. Овие лимфни ткива или Peyer- лимфни ткива се едни од првите места во мукозната мемрана каде се изведуваат имуни реакции. Со администрирањето на пробиотици се стимулира транспортот на таргетираните антигени преку лимфните ткива во тенкото црево. Орална администрација на пробиотици, во комбинација со цинк и витамин Ц, може да ја зголеми неспецифичната резистентност на домакинот кон патогените со што се намалуваат патогените во цревата. Се покажало дека некои од живите млечкокиселински бактерии  индуцираат продукција на проинфламаторни цитокини, тумор некротички фактор и интерлеукин 6, стимулирајќи го неспецифичниот имунитет. Пробиотиците на некој начин го тренираат имуниот систем да ги разликува патогените од непатогоните антигении и да реагира соодветно. Оваа важна функција превенира имуниот систем да е хиперсензитивен, што е всушност основата на алергиите.

Д-р Зоран Максимовиќ, специјалист по ОРЛ

* ПР - објава